ВЕЛО УЧИЛИШТА

Почитувани деца, родители, наставници, и сите вљубеници на велосипедизмот

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНАТА НА ВЕЛО УЧИЛИШТА!

Се започна на крајот на 2018, кога заедно со 10ина основни училишта започнавме да работиме на интегрирање на темата велосипедизам. Гледајќи го интересот на учениците, наставниците, но и родителите посакувавме уште поголема опфатеност, посакувавме се повеќе деца да имаат шанса да бидат вклучени во нашите активности, дизајнирани за во училница (теорија) и надвор од неа (пракса).

Горди сме на развојот на нашата вело мрежа и на тоа дека секојдневно се зголемува бројот на училишта кои безрезервно го промовираат велосипедизмот заедно со нивните ученици и родители.

velo-schools
kids-on-bike-1
sun
hands__1

Но, ние не застануваме тука. Напротив, продолжуваме уште повеќе, уште подобро, се со крајна цел – повеќе деца на велосипед, деца кои ги имаат потребните вештини за управување на велосипед, но и деца кои ги знаат и почитуваат сообраќајните правила.

Веб страната ја овозможивме за сите Вас кои сакате подетално да се запознаат со активностите на програмата Вело Училишта, со нашата досегашна работа за која е одговорен посветен тим на професионалци и ентузијасти, вљубеници на велосипедизмот.

За сите наши членки кои ќе имаат можност да креираат свој профил и на истиот да ги прикажат спроведените вело активности во нивните училишта.

Ви посакуваме безбедно возење!

ФОТО & ВИДЕО

МЕДИА

Фото/видео преглед од активности, вело родео, предизвици, медиумски гостувања итн.

БИДИ ДЕЛ ОД ВЕЛО ЗАЕДНИЦАТА

ПРИДРУЖИ НИ СЕ

Вљубеник си во велосипедизмот? Возиш велосипед рекреативно, професионално или само понекогаш?

Го паметиш позитивното чувство од детството кога за прв пат ги сврте педалите на штотуку добиениот велосипед- и сакаш токму тоа чувство да им го пренесеш на своите ученици!

Приклучи ни се, преку пријавување на интересот на училиштетото со клик копчето “Аплицирај”.

Ви благодариме и очекувајте го набрзо нашиот повратен одговор.

hands